Последното патување на кралицата на крајот ќе заврши во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Лондон Фото: Ројтерс

Во тек се подготовките за погребот на британската кралица Елизабета Втора, која почина во четвртокот во Шкотска на 96-годишна возраст,.

Граѓаните се собраат пред Бакингемската палата каде оставaaт цвеќиња и пораки.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот во Шкотска на 96-годишна возраст, а вчера нејзиниот ковчег со конвој беше пренесен од замокот Балморал, каде што почина, во замокот Единбург.

Патувањето од Балморал беше првото во серијата настани поврзани со државниот погреб што ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември.

Оние кои сакаат да и оддадат последна почит на кралицата се предупредени да очекуваат долги редици. На луѓето им се препорачува да носат храна и пијалоци како и соодветна облека.

Последното патување на кралицата од Балморал траеше скоро шест часа, а нејзината единствена ќерка принцезата Ана ја придружуваше во друг автомобил.

Иако се работи за растојание од 280 километри, патувањето траело долго бидејќи возилото со ковчегот на кралицата се движело бавно, така што илјадници луѓе покрај патот можеле да се простат од монархот со најдолг стаж кој бил на британскиот трон 70. години.

Денеска ковчегот на кралицата ќе биде преместен придружуван од новиот британски крал Чарлс Трети и членовите на кралското семејство. Вратите на катедралата во Единбург треба да бидат отворени за јавноста еден ден и посетителите и граѓаните ќе можат да поминат и да се збогуваат.

Последното патување на кралицата на крајот ќе заврши во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор во Лондон, каде што ќе биде погребана заедно со нејзиниот сопруг принцот Филип, нејзиниот татко кралот Џорџ Шести, мајката на кралицата и сестрата на кралицата принцезата Маргарет.

AA
Популарни