Британската кралица Елизабета Втора е под „медицински надзор“ поради загриженост за нејзиното здравје, објави во четвртокот Бакингемската палата.
„По дополнителна проценка утрово, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението на палатата.
„Кралицата останува удобно и во Балморал“, се додава.
Четирите деца на кралицата, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард отпатувале во имотот Балморал во Шкотска, јавуваат локалните медиуми.
Принцот Вилијам, внук на кралицата и втор по ред за тронот, исто така отпатува во Шкотска додека неговата сопруга Кетрин, војвотката од Кембриџ останува во Виндзор додека нивните деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се на првиот цел ден на училиште, соопшти Кенсингтонската палата.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган, војвотката од Сасекс требаше да присуствуваат на церемонија во четвртокот, но ги променија плановите за да патуваат во Балморал за да ја видат кралицата, изјави портпаролот на парот.
96-годишната монарх беше во својот имот Балморал во Абердиншир, Шкотска за летниот одмор.
Кралицата која имаше проблеми со мобилноста откажа голем број јавни настапи од минатата година.
„Целата земја ќе биде длабоко загрижена од вестите од Бакингемската палата овој ручек“, рече премиерката Лиз Трас.
„Моите мисли – и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, рече таа.