Не е планирана средба или директен контакт / Фото: AA

Рускиот претседател Владимир Путин не бил во контакт и не планира да комуницира со Доналд Трамп по неодамнешниот обид за атентат врз поранешниот американски претседател, соопшти во понеделникот Кремљ.

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека руските власти го осудуваат нападот и се спротивставуваат на какви било манифестации на насилство во политиката. На Трамп беше пукано за време на митинг во Пенсилванија.

Вооружениот напаѓач Томас Метју Крукс (20) беше застрелан и убиен од Тајната служба на местото на настанот.

На прашањето дали мерките за безбедност на Путин се зајакнати по неодамнешните инциденти, вклучително и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, Песков рече дека безбедноста е „разбирливо зајакната без оглед на споменатите инциденти“.

„Безбедноста на шефот на државата е обезбедена на соодветно ниво и се прави се што е потребно, имајќи ја предвид општата меѓународна ескалација на тензиите“, нагласи тој.

AA
Популарни