Земјите учеснички на Самитот на БРИКС во Казан ја усвоија завршната декларација, која се планира да се достави до ОН како заеднички документ / Photo: AA

Куба се приклучува на блокот БРИКС како земја партнер, со надеж дека ќе изгради поправеден и подемократски светски поредок, изјави вчера претседателот на таа карипска земја, Мигел Дијаз-Канел.

„За Куба е чест да се приклучи на БРИКС како земја партнер... Пет букви и голема надеж за земјите од југот на тешкиот пат кон поправеден, подемократски, еднаков и одржлив меѓународен поредок“, напиша претседателот на Куба на платформата X.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека членките на БРИКС на самитот во Казан ја договориле листата на земји партнери на асоцијацијата.

Според боливискиот претседател Луис Арсе, овој статус го добила и неговата земја.

Земјите учеснички на Самитот на БРИКС ја усвоија завршната декларација.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека декларацијата се планира да се достави до ОН како заеднички документ. „Подготвена е завршна декларација која содржи општи оценки за ситуацијата во светот, ги сумира резултатите од руското претседателство со БРИКС и поставува насоки за долгорочна соработка“, рече Путин. Министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати и претставник на земјата на Самитот, Ахмед бин Али Ал Сајех, рече дека декларацијата ќе биде важен чекор во зајакнувањето на соработката, „воспоставување на општо прифатена рамка за соочување со идните предизвици и за постигнување на нашите заеднички цели“. Путин претходно предложи во текстот на декларацијата да биде вклучена и листата на земји-партнери на БРИКС, а неговиот помошник Јуриј Ушаков додаде дека се договорени критериумите за земјите-партнери, како и дека е договорена листа од 13 земји според на нив, но дека се уште не е објавена.

БРИКС е меѓудржавно здружение основано во 2006 година, а Русија го презеде претседателството со асоцијацијата на 1 јануари 2024 година.

Годинава започна со прием на нови членки, а покрај Русија, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, БРИКС сега ги вклучува и Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија.

Руското претседателство со БРИКС се одржува под слоганот за зајакнување на мултилатерализмот за праведен глобален развој и безбедност.

TRT Balkan / агенции
Популарни