Од сите рути мигрантите најчесто ја користат централната рута до Италија / Photo: Reuters

Медитеранот во изминатите осум години е најсмртоносното место за мигрантите. Иако од 2014 до 2022 година вкупниот број на загинати се намалува, сепак во одредени период и повеќе од две третини од смртните случаи на мигранти се случуваат токму во овој дел од светот. За овие осум години, 60 отсто од мигрантите загинале на Средоземното Море, покажуваат податоците од Статиста (statista.com). Во продолжение ви даваме подетален преглед околу тоа како се движеле тенденциите изминативе години.

Граѓанската војна во Сирија

Најголем процент на смртни случаи на мигранти на Медитеранот се случиле во 2016 година. Дури 64 отсто од мигрантите го загубиле животот преминувајќи го Медитеранот. Само две години порано, во 2014 тој процент изнесувал 62 отсто.

Всушност овој период е поврзан со екот на граѓанската војна во Сирија во 2015 и 2016. Последниве години бројот на мигранти кои сакаат да го поминат Средоземното Море е помал, но трендот на мигрантски премини и губење на животи во овој дел од светот и натаму продолжува.

Во 2018 година , 47 отсто од мигрантите кои загинале во светски рамки, го загубиле животот на Медитеранот. Според Статиста, во 2020 година стапката на загинати се намали до 34 отсто. Процентот е речиси ист и во 2022 година кога 35 отсто од мигрантите го загубиле животот на Средоземното Море. Повеќе од 500 мигранти веќе загинаа во Медитеранот оваа година

Рута преку Италија

Од сите рути кои ги користат мигрантите кои го минуваат Медитеранот најчесто се користи централната рута до Италија. Таа рута ја користат мигрантите од африканските земји.

Бројот на загинати мигранти во бродски и други несреќи на Медитеранот, како што објавува Статиста, во 2022 година изнесува 2.400. Ова е околу една третина од сите смртни случаи на мигранти регистрирани на веб-страницата на Меѓународната организација за исчезнати мигранти.

Повеќе од 27 отсто од смртните случаи на мигранти сега се случуваат во Азија, каде што се користат уште два поморски патишта од Рохинџа и Бангладеш. Но животозагрозувачките миграции се случуваат и преку копно во западниот дел на континентот околу Иран.

Освен Медитеранот, и Америка е ризичен дел од светот за мигрантите. Дваесет отсто од смртните случаи на мигрантите се случиле во Централна и Северна Америка.

TRT Balkan
Популарни