Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека земјата може да употреби и нуклеарно оружје за одбрана на Донбас и другите региони во Украина кои најавија референдум за припојување кон Русија.
Медведев во пишана изјава го искоментира вчерашното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин до нацијата и изјави дека гледа три главни фокуси.
„Прво, ќе има референдум, републиките Донбас и другите региони ќе бидат вклучени во Русија. Второ, Руските вооружени сили ќе ги зајакнат одбранбените капацитети во сите инволвирани региони. Трето, за одбрана на овие подрачја не може да се користат само можноста за мобилизација, туку и руското оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје“, рече Медведев.
Проруските сепаратисти на истокот на Украина најавија одржување референдум за припојување со Русија, поточно на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск и области од Запорожје и Херсон.
Референдуми во тие региони под контрола на руските сили се најавени за периодот од 23 до 27 септември.
Референдумот ќе се одржи од 23 до 27 септември во таканаречените народни републики Доњецк и Луганск, во областите Запорожје и Херсон, кои ги контролираат проруските сепаратисти во источна Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, реагираше на овие најави и рече дека ова се лажни референдуми кои ништо нема да сменат.