Министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Ерменија се состанаа на маргините на самитот на лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Астана, главниот град на Казахстан.
Во согласност со најавите од нивните кабинети шефовите на дипломатиите на трите земји ќе разговараат за моменталната ситуација во азербејџанскиот регион Карабах и имплементацијата на азербејџанско-ерменските договори потпишани со посредство на Русија.
Рускиот министер за надворешни работи Лавров пред почетокот на трилатералниот состанок рече дека се надева дека ќе се разговара за имплементација на трилатералните договори за Карабах од ноември 2020 и јануари 2021 година.
„Посебни теми се и договорот за деблокада на економските и транспортните комуникации и спроведување на разграничувања преку создавање билатерална комисија помеѓу Азербејџан и Ерменија со советодавна помош на руската страна“, рече Лавров.
Неговиот азербејџански колега Бајрамов рече дека азербејџанската страна ќе се концентрира на подготовка на мировниот договор со Ерменија.
„Ќе се фокусираме на аспектите на постконфликтно решавање за кое се одговорни министрите за надворешни работи. Конкретно, говориме за мировен договор“, рече Бајрамов.