Опасните „игри со гладот“ на Русија се одговорни за глобалната криза со храна, рече вчера претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на самитот на Г7. Лидерите на седумте најбогати држави во светот се собраа во Германија на разговори за дополнителни санкции кон Русија и за обновата на Украина на среден и долг рок.
За време на прес-конференцијата на самитот, Мишел рече дека Кремљ ја користи храната како „тивко оружје на војната“.
„Мораме енергично да се спротивставиме на руската пропаганда за цените на храната и ѓубривата“, рече Мишел и додаде дека ЕУ ги поддржува напорите на ОН за повторно отворање на поморските патишта.
Нагласи дека се поддржани и глобалните иницијативи за безбедност на храната. „ЕУ работи на мобилизирање на речиси 600 милиони евра за поддршка на најпогодените партнери.“
Тој, исто така, потврди дека Блокот е посветен кон поддршка на обновата на Украина.
„Со државите од групата Г7, сите ние делиме исти цели: да го прекинеме кислородот на руската воена машинерија, истовремено водејќи грижа за нашите економии. ЕУ ќе стои до Украина на долг рок“, порача тој.
Денес во Шлос Елмау на Баварските Алпи започна тридневниот состанок на Г7.
Агендата на Г7 се смета за поитна од кога и да е, поради војната на Русија во Украина. Исто така, вреди да се забележи дека самитот се одржува пред самитот на земјите членки на НАТО во Мадрид (28-30 јуни) на кој ќе се дискутира за реструк