Bill Clinton / Photo: AP

Американски муслимански групи изразија жестока реакција на изјавата: „(Хамас) Ве принудува да убивате цивили за да се одбраните“ што ја кажа поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Роберт С. Мекоу, директор за владини прашања во Советот за американско-исламски односи (САИО), најголема организација за застапување на муслиманските права во САД, ја опиша изјавата на Клинтон како „антимуслиманска (исламофобична) и навредлива“.

Мекоу на митингот одржан во Мичиген за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис, претседателски кандидат на демократите, жестоко реагираше кон Клинтон, кој претходно изјави: „Не е важно колку луѓе сме принудени да убиеме. Вие сте принудени да убивате цивили за да се одбраните бидејќи се знае дека Хамас е заштитен од страна на цивилите.“

Коментирајќи дека изјавите на Клинтон се неприфатливи, Мекоу истакна:

„Овој бесчувствителен и неискрен обид на Клинтон да ги оправда нападите на Израел врз цивилите во Газа е исто толку навредлив, колку и исламофобичен.“

Јусуф Мунајер, аналитичар на вашингтонската тинк-тенк организација „Арапски центар“, на својот профил на социјалните мрежи реагираше на изјавите на Клинтон, велејќи:

„Кај Клинтонови стана традиција да го прикријат својот патетичен неуспех во посредувањето за мир прибегнувајќи кон обвинување на жртвите. Прикривањето на неспособноста е најдобриот квалитет на Клинтон.“

Абдула Хамуд, градоначалник на регионот Дирборн во Мичиген, во својата објава на социјалните мрежи упати совет до потпретседателката Харис да не праќа „типови слични на Клинтон“ на митинзите.

Зборувајќи дека слушнал оти Клинтон ќе учествува на митингот на демократите што ќе се одржи во регионот Дирборн во текот на викендот, Хамуд рече: „Направете ни услуга, престанете да праќате типови што не го почитуваат ова општество. Вие само правите поголема штета.“

AA
Популарни