Бројот на луѓе што ги загубија животите во експлозиите на уредите за безжична комуникација (воки-токи) низ Либан се зголеми на 20, а бројот на повредени надмина 450.
Во писменото соопштение на либанското Министерство за здравство се дадени информации за смртните случаи предизвикани од експлозиите на уредите за безжична комуникација во главниот град Бејрут и во други региони.
Либанското Министерство наведе дека од експлозиите на уредите за безжична комуникација загинале 20 лица, а повеќе од 450 се повредени.
Официјалната либанска агенција ННА објави дека имало низа експлозии на уредите за безжична комуникација во јужниот дел на земјата и во главниот град Бејрут.
Либанската управа за цивилна одбрана објави дека се обидуваат да ги изгаснат пожарите што избувнаа во десетици куќи, возила и деловни простории од експлозиите на уреди во јужниот дел на Бејрут и во регионите Бека и Џебел Либан (Мутасарифат на Либански Планини).
- Експлозии на пејџери
Во вторникот на 17 септември се случија истовремени експлозии на пејџери што ги користеле припадниците на Хезболах во Либан.
Министерството за здравство соопшти дека 12 лица, од кои две деца, го загубиле животот, околу 2.800 луѓе се повредени, а речиси 300 од нив се во тешка здравствена состојба поради експлозиите на пејџерите што ги користеле припадниците на Хезболах низ целата земја.
Либанските власти за инцидентот го обвинија Израел. Израел сè уште не излезе со соопштение по ова прашање.
Последните денови се забележува зголемување на тензиите во конфликтите на границата меѓу Израел и Либан што се случуваат од 8 октомври 2023 година.