Даунинг Стрит 10     Фото: АА

Новиот претседател на британската Конзервативна партија и премиер на Велика Британија ќе биде познат на 5 септември. Ова го објави парламентарната комисија надлежна за утврдување на правилата за гласање за наследник на Борис Џонсон.

Досега има единаесет кандидати за нов британски премиер. Поднесувањето кандидатури завршува денеска, а првиот круг на гласање ќе се одржи утре. Условот за некој од редовите на конзервативците да се кандидира е да биде номиниран од 20 негови сопартијци. Од првиот во вториот круг ќе минат оние кои ќе имаат по 30 гласови.

Борис Џонсон поднесе оставка од премиерската функција и од позицијата претседател на Конзервативната партија на седми јули. Џонсон изјави дека ќе остане на премиерската функција се до изборот на нов лидер на партијата кој всушност ќе биде и нов британски премиер.

TRT Balkan / агенции
Популарни