Новата претседателка на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, ги презеде претседателските должности од сега веќе поранешниот претседател Борут Пахор во Претседателската палата во Љубљана, ден откако положи заклетва во Државниот збор (Парламент).
Примопредавањето се одвива во согласност со претходно дефинираните протоколарни правила. Започна со прием со воени почести по пристигнувањето на претседателката. Потоа следуваше поздрав од актуелниот претседател Борут Пахор и неговата партнерка Тања Печар.
Понатаму, Наташа Пирц Мусар и Борут Пахор ќе се состанат на разговор еден на еден, а тој, со воени почести, ќе се збогува по десет години на функцијата претседател на Републиката. Потоа следува заминувањето на новоизбраната претседателка Пирц Мусар и нејзиниот сопруг Алеш Мусар во Претседателската палата.
Гласачите на овогодишните претседателски избори ја избраа Наташа Пирц Мусар за претседателка на Република Словенија.
По октомвриските избори, со 26,88 отсто поддршка, таа помина во вториот круг како второпласирана, зад нејзиниот противкандидат Анжет Логар, кој доби 33,95 отсто од гласовите. Потоа, на 13 ноември, во вториот круг, победи со поддршка од 53,89 отсто, при 53,6 отсто излезност на гласачите.