НАТО се огласи за влегувањето на руски дрон во воздушниот простор на Полска / Photo: AA Archive

Северноатлантскиот сојуз (НАТО) реагираше на наводите за влегување на руско беспилотно летало во полскиот воздушен простор.

„Нема информации дека ова е намерно, но е неодговорно и потенцијално опасно“, соопшти НАТО.

Портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах, за АА изјави дека „Полска информирала дека за време на вчерашните руски напади врз Украина веројатно беспилотно летало влегло во нејзиниот воздушен простор“.

„Силно ги осудуваме овие напади врз украинските цивили и цивилната инфраструктура“, рече Даклала.

Таа изјави дека делови од руски беспилотни летала и проектили неколкупати биле пронајдени на територијата на земјите членки на НАТО од почетокот на војната во Украина во 2022 година.

„Иако немаме информации што укажуваат на тоа дека Русија врши намерен напад врз нашите сојузници, овие акции се неодговорни и потенцијално опасни“, рече Даклала.

Таа потсети дека како одговор на војната во Украина, НАТО значително го зголеми своето присуство на источното крило, вклучително и Полска.

Полска вчера објави дека во нејзиниот воздушен простор од правец на Украина влегол „неидентификуван летечки објект“, а дека сигналот на тој објект подоцна исчезнал од радарот.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека руската армија вчера извршила интензивен воздушен напад врз неговата земја.

Според неговите зборови, во нападот биле употребени повеќе од 100 проектили и речиси 100 беспилотни летала.

Вчерашниот напад Зеленски го оцени како еден од најинтензивните напади врз Украина.

AA
Популарни