НАТО се подготвува за своето деветто проширување     Фото: АА

Како резултат на трилатералниот Меморандум потпишан со Туркије (Турција) на Самитот во Мадрид, Шведска и Финска се поканети за членство во НАТО, со што на дневен ред дојде проширувањето на веќе 30-члената Алијанса низ годините.

Темелите на НАТО беа поставени кога Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Британија се здружија за колективна одбрана според Бриселскиот пакт по Втората светска војна.

Бриселскиот пакт беше заменет со НАТО една година подоцна, при што се приклучија САД, Канада, Исланд, Италија, Португалија, Норвешка и Данска.

Со тоа, НАТО е формирано во 1949 година со 12 земји.

Бидејќи ја следи политиката на отворени врати, НАТО се прошири осумпати во текот на годините, и сега веќе брои 30 членки.

Првото проширување се случи кога Туркије и Грција се приклучија на НАТО во 1952 година. Во 1955 година се приклучи, тогаш позната како Федерална Германија, а во 1982 година, Шпанија.

Во 1999 година, Чешка, Унгарија и Полска се приклучија на НАТО, во 2004 година Бугарија, Летонија, Литванија, Естонија, Романија, Словачка и Словенија, во 2009 година Албанија и Хрватска, а во 2017 година во НАТО влезе Црна Гора.

НАТО се подготвува за своето деветто проширување AA

Последното проширување беше во 2020 година со приемот на Северна Македонија.

Вратите на НАТО се отворени, но приклучувањето е тешко

Освен тоа што НАТО следи политика на отворени врати, потребен е консензус и многу долг, повеќефазен процес за некоја земја да стане членка на Алијансата.

Процесот започнува со одлуката на сојузниците од НАТО за приклучување кон Алијансата, како во случајот со Шведска и Финска, по што следува официјална покана од НАТО.

Потоа, во главниот штаб во Брисел се разговара за тоа дали земјата ги исполнува политичките, правните и воените барања на НАТО и дали може да ги исполни економските, воените, правните, политичките и разузнавачките обврски од членството во НАТО.

Во следниот чекор, земјата која е поканета, писмото за намери го испраќа до генералниот секретар на НАТО, во кое изјавува дека ги прифаќа условите и обврските од членството во НАТО и го вклучува планот за реформи.

По ова, НАТО подготвува дополнителни протоколи за пристап кон Вашингтонскиот договор. Овие протоколи се потпишуваат од земјите на НАТО.

Потоа, протоколите мора да бидат ратификувани од земјите членки на НАТО во согласност со нивните национални закони и процедури.

Сите земји членки, по завршувањето на нивните процеси на ратификација, ги известуваат САД, кои го чуваат Вашингтонскиот договор, дека ги прифатиле протоколите со кои се предвидува пристапување на новата членка.

Кога ќе се завршат сите фази, генералниот секретар на НАТО ја поканува новата членка да се приклучи на Алијансата.

На крајот, новата членка го завршува својот национален правен процес и ја доставува на САД својата потврда за пристапување. Со тоа процесот на пристапување е завршен.

Чекаат Украина, Грузија и Босна и Херцеговина

Украина, Грузија и Босна и Херцеговина се трите земји кои ги изразуваат своите аспирации за членство во НАТО од почетокот на 2000-тите. Но НАТО наведува дека сите три земји сѐ уште не се подготвени да ги исполнат потребните услови и обврски.

На Самитот во 2008 година во Букурешт, главниот град на Романија, НАТО се согласи Украина и Грузија да станат идни членки.

Оттогаш, соработката на НАТО се развива со овие земји, кои се споменуваат како „партнери“.

Двете земји учествуваат во операциите на НАТО, а Алијансата, исто така, ги поддржува овие земји да ги зголемат нивните одбранбени капацитет, но сѐ уште не се споменува датум за нивно зачленување во НАТО.

На истиот самит беше одлучено да се воспостави „засилен дијалог“ со Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Црна Гора стана членка на НАТО во 2017 година, но сѐ уште нема одлука за Босна и Херцеговина.

Босна и Херцеговина беше поканета да биде вклучена во Акциониот план за членство во 2010 година. Исто така, учествува во многу програми на НАТО.

AA
Популарни