Предупредување за нов сој на коронавирус во Грција / Photo: Reuters

Туристите се предупредуваат за нов сој на коронавирусот ФЛиРТ во Грција.

„Во последните 20 дена е забележан пораст на пријавени случаи на зараза со речиси 669 пациенти примени во болниците од 8 до 15 јули“, пишува британскиот весник „Индипендент“, повикувајќи се на Националната здравствена организација на Грција.

Ова претставува зголемување од 44 проценти на просечниот неделен број на нови приеми во текот на претходните четири недели.

Во тој период се регистрирани вкупно 26 смртни случаи од КОВИД.

Британските здравствени експерти сугерираат дека варијантите на коронавирусот ФЛиРТ и ЛБ.1 може да заразат и луѓе кои биле вакцинирани.

TRT Balkan / агенции
Популарни