Сајбер пробивот наводно се случил во 2021 година од страна на хакерската група  АПТ40 / Фото: Reuters

Нов Зеланд упати забелешки до официјален Пекинг поради загриженост за наводно безбедносно пробивање на членови на Парламентот кое го извршиле припадници на хакерска група поврзана со Кина.

Џудит Колинс, министерката на Бирото за безбедност на комуникациите рече дека „воспоставени се врски меѓу актери спонзорирани од НР Кина и злонамерна сајбер активност насочена кон парламентарните ентитети во Нов Зеланд.

Наводниот прекршок се случил во 2021 година, рече таа, додавајќи дека групата позната како АПТ40 одговорна за пробивот била „спонзорирана од државата Кина“.

Слични наводи беа изнесени од клучните сојузници на Нов Зеланд, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, додека пак Пекинг ги отфрли наводите.

Осврнувајќи се на изјавите на Вашингтон и Лондон за „злонамерна сајбер активност која влијае на глобалните демократски процеси и институции“, Колинс рече:

„Овој колективен одговор од меѓународната заедница служи како навремен потсетник за сите организации и поединци да имаат силни мерки за сајбер безбедноста“.

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, рече дека високите претставници на министерството разговарале со кинескиот амбасадор Ванг Ксијаолонг во Велингтон.

„Странско мешање од ваква природа е неприфатливо и ја повикавме Кина да се воздржи од такви активности во иднина. Нов Зеланд ќе продолжи да зборува - доследно и предвидливо - онаму каде што гледаме вакво однесување“, рече Питерс.

Откритијата на Велингтон дојдоа на ден кога разузнавачките агенции на земјата им кажаа на пратениците дека седуммина поранешни припадници на одбранбените сили биле ангажирани да „помогнат во обуката на Народноослободителната армија на Кина“.

AA
Популарни