Делумната мобилизација која ја објави Путин ќе опфати 300 000 луѓе     Фото: AA

Вработените во медиумите, вработените во ИТ секторот, во комуникациските и вработените во финансиските компании во Русија кои имаат стратешко значење ќе бидат ослободени од делумната воена мобилизација која ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

Ова денеска го објави руското Министерство за одбрана. Ќе се направат списоци со оние граѓани кои ќе бидат ослободени од мобилизацијата.

„Списоците со граѓани доставени од раководителите на релевантните институции во пропишаната форма до Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација ќе се сметаат за основа за ослободување од пријавување за воена служба”, соопшти министерството.

Путин прогласи мобилизација на 300.000 лица на возраст од 18 до 50 години за она што го нарекува „специјална воена операција“ на Русија во Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни