Нуклеарниот арсенал во светот веројатно ќе расте     Фото: TRT Balkan

Нуклеарниот арсенал ширум светот се очекува да расте во наредните години, првпат по Студената војна, а ризикот од користењето на таквото оружје е најголем во претходните неколку децении, објави Меѓународниот институт за истражување на мирот (SIPRI).

„Руската инвазија врз Украина и западната поддршка на Киев ги зголеми тензиите помеѓу девет нуклеарни сили“, се наведува во Меѓународниот институт за истражување на мирот.

Иако бројот на нуклеарното оружје благо опадна помеѓу јануари 2021 и јануари 2022 година, SIPRI наведува дека, доколку не дојде до акција кај нуклеарните сили, наскоро би можело да дојде до унапредување на боевите глави.

„Сите нуклеарни сили се зајакнуваат, го унапредуваат нивниот арсенал и повеќето ја заоструваат нуклеарната реторика и улога која нуклеарните оружја ја имаат во нивните воени стратегии. Ова е многу загрижувачки тренд“, вели директорот на SIPRI, Валфред Ван.

Од Меѓународниот институт наведуваат дека бројот на нуклеарни боеви глави паднал на 12.705 во јануари 2022 година, во однос на 13.080 во јануари 2021 година.

Околу 3.732 нуклеарни боеви глави се спремни за употреба на проектили и авиони, а околу 2.000, од кои речиси сите им припаѓаат на Русија или САД, се во состојба на висока подготвеност.

TRT Balkan / агенции
Популарни