Комитетот за повластици на британскиот Парламент заклучи дека поранешниот премиер Борис Џонсон свесно го измамил Парламентот во врска со забавите што се одржувале во Кабинетот на премиерот додека имало ограничувања поради Ковид-19.
Комитетот за повластици ги објави резултатите од својата истрага за присуството на Џонсон на забавите што се одржуваа во премиерскиот кабинет број 10 за време на пандемијата.
Заклучувајќи дека Џонсон свесно и намерно ги измамил пратениците и одборот, Комитетот за повластици соопшти дека тоа се повторувало неколку пати.
Одборот исто така го обвини Џонсон за поткопување на демократскиот процес и понижување на одборот со измамување на пратеници на сослушувањата на кои присуствувал минатата недела.
„Понижувањето беше многу сериозно бидејќи е сторено од премиерот, најавторитетниот член на Владата“, се вели во извештајот на Комитетот за повластици, во кој се дадени препораки за санкции против Џонсон.
Комитетот препорача, на Џонсон, кој поднесе оставка како пратеник на 10 јуни, да не му се даде картичката што ја користеле поранешните пратеници за влез во Парламентот.
Полицијата во Велика Британија започна истрага на почетокот на минатата година по извештаите за 12 инциденти во кои според наводите, се прекршени ограничувањата за Ковид-19 во 2020 и 2021 година. Како дел од истрагата, Џонсон е казнет затоа што присуствувал на сопствената роденденска забава.
Џонсон во својата изјава на 21 март призна дека го измамил Парламентот за неговото присуство во Кабинетот на премиерот за време на пандемијата на Ковид-19, со што беа прекршени правилата за карантин, но инсистираше дека тоа не го сторил „намерно“.