Обвинителството на Венецуела тврди дека македонски хакери извршиле сајбер напад и на тој начин влијаеле врз пренесувањето на резулатите од претседателските избори во таа земја. Главниот обвинител на Венецуела Тарек Вилијам Сааб тврди дека не успеал обидот за манипулација на изборите зад кој според него стојат опозициските лидери.
„Целта беше да се измешаат вистинските извештаи. Го лоциравме и идентификувавме главниот водач -Лестер Толедо“, изјави Сааб.
Најавена е кривична пријава против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо. Таа е обвинета дека заедно со уште две лица од Северна Македонија координирала компјутерски напад врз Националниот изборен совет.
Според резултатите кои ги објави изборната комисија на Венецуела на претседателските избори победил Никола Мадуро кој освоил 51,2 % од гласовите,а опозицискиот кадидат Едмундо Гонзалес освоил 44,2 %.