Бројот на Палестинци убиени од страна на израелската армија на окупираниот Западен Брег од 7 октомври годинава го надмина бројот на убиени Палестинци во целата претходна 2022, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Се вели дека армијата и доселениците оттогаш убиле 242 Палестинци на Западниот Брег, вклучувајќи го и окупираниот Источен Ерусалим.
Во претходното соопштение на Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН (OCHA) се вели дека 171 Палестинец биле убиени на Западниот Брег во 2022 година од страна на израелските сили и доселениците.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако на 7 октомври избија борби меѓу палестинските групи и Израел во Газа.
Израелската армија, исто така, во истиот период по 7 октомври уапси повеќе од 3.000 Палестинци од Западниот Брег, покрај веќе 5.200 Палестинци кои беа држени во израелските затвори пред 7 октомври.