Од денес забранет извозот на бензин од Русија во следните шест месеци / Photo: AA

Русија вчера објави дека воведува шестмесечна забрана за извоз на бензин, почнувајќи од 1 март.

Владата на Русија објави дека се преземени мерки за одржување на стабилноста на пазарот на горива во земјата.

Одлуката ги опфаќа и пратките што се спроведуваат по пат на меѓувладини договори, вклучително и земји членки на Евроазиската економска унија.

Александар Новак, заменик на рускиот премиер, во средата изјави дека Москва би можела предвреме да ја укине забраната за извоз на горива доколку домашниот пазар биде заситен.

Русија на краток период воведе забрана за извоз на бензин во септември минатата година за да се бори против растот на цените на домашните горива и ја укина по два месеца.

AA
Популарни