„Ја донесовме оваа одлука бидејќи веруваме дека нашата одлука е исправна одлука за нашата земја и народот.“. / Photo: AA

Синан Оган, кој беше трет на претседателските избори во Туркије одржани на 14 мај, го поддржа претседателот Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од изборите закажан за следната недела, на 28 мај.

Говорејќи на прес-конференцијата во Анкара, Оган рече: „Изјавувам дека ќе го поддржиме кандидатот на Народната Алијанса Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори.“

Повикувајќи ги своите приврзаници да го поддржат Ердоган во вториот круг, Оган рече: „Ги одржавме сите видови консултации пред донесување на последната одлука. Ја донесовме оваа одлука бидејќи веруваме дека нашата одлука е исправна одлука за нашата земја и народот.“

Милиони гласачи излегоа да гласаат на 14 мај на претседателските и парламентарните избори.

Народната алијанса на Ердоган освои мнозинство во парламентот, додека претседателската трка продолжува во вториот круг на 28 мај.

Во вториот круг од претседателските избори учествуваат Реџеп Таип Ердоган и Кемал Киличдароглу, водачот на опозициската Републиканската народна партија (ЏХП) и заедничкиот кандидат на Национална алијанса.

Ердоган го заврши првиот круг со освоени 49,52 % гласови, додека Киличдароглу беше втор со 44,88 % гласови, а Синан Оган од АТА алијанса освои 5,17 %.

TRT Balkan / агенции
Популарни