Обединетите нации го осудуваат неуспехот да се испрати очајно потребната помош во регионите во Сирија кои беа погодени од силниот земјотрес и бројот на жртви постојано се зголемува, а од претходно се зафатени со војна.
Конвој на ОН со залихи за северозападна Сирија пристигна преку Туркије, но шефот на агенцијата за помош Мартин Грифитс во неделата рече дека е потребна многу поголема помош за да бидат задоволени потребите на милиони луѓе.
Залихите бавно пристигнуваат во Сирија. Во оваа земја изминативе години се во тек конфликти кои го опустошија здравствениот систем, а делови од земјата остануваат под контрола на бунтовниците кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад, која е под санкции од западните земји.
Но, конвој од 10 камиони на ОН премина во северозападна Сирија преку граничниот премин Баб ал Хава, носејќи комплети за засолнување.
Баб ал Хава е единствената точка каде меѓународната помош може да стигне до луѓето во областите во Сирија под контрола на бунтовниците по речиси 12 години граѓанска војна, откако другите премини беа затворени под притисок на Кина и Русија.
Шефот на Светската здравствена организација се сретна со Асад во неделата во Дамаск и рече дека сирискиот лидер изразил подготвеност да помогне на повеќе гранични премини под контрола на бунтовниците во северозападниот дел да се донесе помош.
„Тој беше отворен да размисли за дополнителни прекугранични пристапни точки за оваа итна ситуација“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус за новинарите.
Конфликт, Ковид, колера, земјотрес
Еден ден по посетата на Алепо Тедрис изјави дека комплицираните конфликти, кризата со Ковид-19, колерата, економскиот пад и сега земјотресот однесоа голем број жртви.
Тој додаде дека иако Дамаск ги овозможи сите услови конвоите со помош да продолжат од областите под контрола на власта СЗО сè уште чека зелено светло од областите под контрола на бунтовниците.
Асад како што соопшти претседателството се радуваше на понатамошна „ефикасна соработка“ со агенцијата на ОН за да се подобри ситуацијата со недостигот на опрема и лекови.
Тој, исто така, им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за огромното олеснување и хуманитарна помош од десетици милиони долари.
Сириското Министерство за транспорт соопшти дека 62 хуманитарни авиони слетале во Сирија оваа недела, а повеќе се на пат од Саудиска Арабија.
Министерството за надворешни работи на Јордан објави дека воздухопловните сили на земјата започнале со транспортирање на 480 шатори од ОН во Сирија и Туркије од вкупно 10.000 шатори кои ќе бидат транспортирани во двете земји.