Онлајн фотографија од комплексот каде што беше убиен Ханије / Photo: AA

Онлајн фотографијата од комплексот во Техеран каде што беше убиен лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, е скорешна и направена е по нападот, потврди истрагата на Анадолу.

По убиството вчераутро брзо започнаа дискусии за локацијата и безбедноста на гостинската куќа каде што престојуваше и беше цел шефот на Политичкото биро на Хамас.

Иранските корисници на социјалните мрежи истакнаа дека подрачјето е во близина на комплексот Садабад во северен Техеран.

Некои извори, вклучително и новински групи блиски до Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, почнаа да споделуваат слики од локацијата.

На фотографијата се гледа дека е погоден стан на горниот кат на објектот. Оштетениот дел од зградата сега е покриен со церада, а на земја се гледаат остатоци.

Споредбата на Анадолу на објектот и локацијата на зградата на фотографијата со сателитските снимки со отворен пристап потврдува дека таа не е изменета.

Зградата на фотографијата се наоѓа во комплексот за кој се вели дека е заштитен од страна на ИРГЦ. Се наоѓа во непосредна близина на северното шумско подрачје околу комплексот Садабад, кој е познат по музеите и историските градби.

Сателитските фотографии покажуваат дека зградата во која престојувал Ханије има голема фасада што делумно гледа кон градот, а претежно кон планините.

Поради висината и отвореното опкружување, зградата е лесно видлива оддалеку.

Засилено обезбедување пред атентатот

Жителите што живеат околу комплексот изграден во раните 1900-ти години велат дека немаат информации дали Ханије престојувал таму, но забележале зголемени безбедносни мерки два дена пред атентатот.

Многу патишта, кои обично биле отворени, биле затвориле за сообраќај, изјавија тие за Анадолу.

Еден жител рече дека конвои од десетици возила придружувани од специјалци влегувале и излегувале од комплексот последните два дена.

Опишувајќи го нападот во кој загина Ханије, еден жител рече: „Слушнавме звук околу 2 часот по полноќ (по локално време). Тоа не беше силна експлозија, туку звук сличен на блага експлозија.“

Друг жител потврди дека слушнал звук на мала експлозија ноќта на нападот.

Хамас вели дека Израел стои зад нападот. А Тел Авив сѐ уште не го коментираше нападот.

Нападот се случи додека Израел продолжува со воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври загинаа речиси 40.000 Палестинци.

Неколку часа претходно израелската војска го уби командантот на Хезболах, Фуад Шукр, во Бејрут.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати