Унгарија неодамна обезбеди гаранции за заштита на енергетската стабилност, но е подготвена да дејствува доколку тие не се почитуваат, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.
„Имаме моќ да ставиме вето на следната рунда санкции. Ако нашите интереси не се заштитени, ќе го повлечеме приклучокот“, предупреди тој во обраќањето на државното радио, мислејќи на неодамнешното продолжување на санкциите на ЕУ против Русија.
„Брисел инсистира на продолжување на санкциите, иако Американците признаваат дека Украина нема да ја добие војната. Во меѓувреме, поради овие санкции изгубивме 19,5 милијарди евра“, рече Орбан.
Тој смета дека победата на Трамп го означува крајот на воената фаза и доаѓањето на период на мир и укажа на „слабеењето на германската економија.
„Германија е во неволја, а за жал, Берлин ја влошува ситуацијата со следење на погрешната економска политика на Брисел. Европската комисија воведе царини за кинеските електрични автомобили, и покрај предупредувањата од германските производители дека тоа ќе им наштети. Сега истите тие производители го тужат Брисел“, рече Орбан.