Ова е трет ваков напад пријавен овој месец / Фото: AA Архива

Најмалку осум лица загинаа во напад со нож во петокот во Кина.

Последниот инцидент е пријавен во округот Ксиаочанг во централната провинција Хубеи, кога едно лице кое „страдало од ментално растројство“ предизвикало осум смртни случаи, а едно лице ранило објави пекиншкиот дневен весник „Глобал тајмс“.

Осомничениот е приведен во полиција. Ова е трет ваков напад пријавен овој месец.

На почетокот на овој месец, две лица беа убиени, додека 21 лицебеа повредени во напад со нож во болница во југозападниот округ Женксионг во провинцијата Јунан.

Овој вторник, најмалку три лица загинаа, а уште две се повредени во парк во градот Ченжу во централната провинција Хунан.

AA
Популарни