Пакистанскиот суд денес ја суспендира тригодишната затворска казна на поранешниот премиер Имран Кан, наредувајќи негово ослободување со кауција.
Советот од двајца судии на Вишиот суд во Исламабад, предводен од судијата Амер Фарук, кој вчера ја донесе пресудата, ја објави кратката одлука.
Претходно во август Кан беше осуден од страна на првостепениот суд во Исламабад за прикривање детали за подароците од странци што ги добил за време на неговата речиси четиригодишна служба. Следствено на тоа, изборната комисија му изрече забрана за вршење јавна функција на пет години.
Поранешниот играч на крикет, кој се соочува со голем број обвинувања, беше сменет од функцијата премиер со гласање за недоверба во април 2022 година. Моментно тој е в затвор во северозападниот град Аток.
Неговото апсење во мај годинава предизвика насилни безредија, кога приврзаниците на поранешниот премиер напднаа и воени објекти.