Кан моментално е во затвор заедно со сопругата поради случај за нелегален брак / Photo: Reuters

Пакистанскиот суд денес го ослободи поранешниот премиер Имран Кан во случајот во кој беше обвинет за оддавање државни тајни.

Советот на Високиот суд во Исламабад на чело со главниот судија Амер Фарук, во кратка пресуда, исто така, го ослободи од вина и министерот за надворешни работи на Кан, Шах Мехмуд Куреши, кој беше исто така обвинет во случајот.

Првостепениот суд ги осуди двајцата на 10 години затвор во она што е познато како „случај шифра“.

Случајот е поврзан со дипломатската комуникација меѓу Вашингтон и Исламабад, за кои Кан рече дека биле дел од американскиот заговор за соборување на неговата влада пред две години.

Кан, кој дојде на власт во 2018 година, го загуби гласањето за доверба во Парламентот во април 2022 година, една година пред да истече неговиот мандат.

Моментално е во затвор поради случајот за нелегален брак заедно со сопругата. Лани истиот суд му ја поништи пресудата во случајот за корупција.

AA
Популарни