Папата Франциск: Руско-украинскиот судир е светска војна     Фото: АА (Архива)

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на неодамнешното патување во Казахстан изјави дека е грешка руско-украинската војна да се нарече судир во Украина, бидејќи, според него, тоа во реалноста е светска војна, соопшти Ватикан.

Како што пренесуваат медиумските куќи блиски до Ватикан, папата се состана со одредени свештеници језуити во текот на својата посета на Казахстан кон средината на септември.

Наводите се дека во текот на посетата поглаварот на Римокатоличката црква и претседател на Ватикан даде изјава на језуитската публикација “La Civilta Cattolica“, а во текот на средбата со свештениците говореше и за актуелната војна во Украина.

„Војната е во тек. Мислам дека е погрешно да се мисли за тоа како за каубојски филм во кој постојат добри и лоши ликови. Исто така погрешно е да се мисли дека ова е војна помеѓу Русија и Украина. Не. Тоа е светска војна“, изјави папата.

Тој напомена дека посетата на Украина, за која претходно најави дека ќе биде можна, во оваа фаза не е во план.

Папата Франциск рече дека додека бил во Казахстан, доаѓале некои украински гости. Еден од нив бил воен офицер одговорен за размена на заробеници помеѓу Русија и Украина која ја најави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Се наведува дека офицерот го прашал папата може ли да направи нешто во однос на тоа прашање и му дал листа од 300 заробеници. Папата откри дека ова прашање потоа му го пренел директно на рускиот амбасадор.

AA
Популарни