Патнички авион на Азербејџан ерлајнс кој летал од Баку за Грозни се урна во близина на аеродромот во казахстанскиот град Актау, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Казахстан.
Тој летал на релација Баку-Грозни, но поради маглата го променил курсот во правец на Актау.
Според прелиминарните податоци, шест патници ја преживеале авионската несреќа, изјави министерот за здравство на Казахстан Акмарал Алназарова.
Авионот се запалил по падот, а итните служби работат на гаснење на пожарот, соопшти Министерството за вонредни состојби.
„По пристигнувањето на местото на несреќата, леталото беше во пламен. Спасувачките операции се во тек“, објавија тие.
Во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот. Сите се државјани на Русија и Азербејџан.