Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на градот Алмати, во јужниот дел на Казахстан.
Според соопштението што го објави Центарот за сеизмологија на Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, земјотрес со интензитет од 6,1 степен е регистриран 31 километар јужно од Алмати, во 11:22 часот по локално време.
Канцеларијата за вонредни состојби на Алмати објави дека населението во паника излегло на улица.
Потврдено е дека нема човечки жртви и дека во тек се напорите за собирање информации за настанатата штета.
Земјотресот се почувствувал и во Бишкек, главниот град на соседен Киргистан.
AA