Мароко: Бројката на загинати во земјотресот се зголеми на 2.946 / Photo: AA

Бројката на загинати од последиците на разорниот земјотрес што го потресе Мароко се зголеми на 2.946, а 5.674 лица се повредени, соопшти мароканското МВР.

Во соопштението се наведува дека досега се погребани 2.944 жртви на земјотресот.

Земјотрес со магнитуда од 7 степени според Рихтеровата скала го потресе Мароко вечерта на 8 септември. Епицентарот на земјотресот беше во подрачјето на Ел-Хуз во Маракеш.

Освен Маракеш, земјотресот ги потресе и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.

TRT Balkan / агенции
Популарни