Групата постари жени кои себеси се нарекуваат „Среќни баби“, кои живеат во малиот град Кадамџај сместен меѓу планините Алеј и се обидуваат да го зачуваат занаетот што е во изумирање, правење ширдак, традиционален киргистански килим.
Ташкан Хакимова (77) користи традиционална техника за правење килими во оддалечениот планински регион Баткен во Киргистан.
Една млада ученичка и помага држејќи ја преостанатата волна до Хакимова, облечена во бела шамија и кадифена јакна со традиционален вез на неа. По неколку стотици часа работа, волната ќе се претвори во ширдак – традиционален киргистански килим.
Хакимова е една од сè помалиот број на претежно постари луѓе кои живеат во планинските области на централноазиската земја кои знаат да направат ширдак.
Многумина се загрижени дека античката уметност ќе изумре.
„Нашите родители нè научија на техниката, но луѓето ја забораваат“, изјави Хакимова.
УНЕСКО предупреди дека вештината за изработка на уникатните килими има потреба од итна заштита, со изобилство од синтетички теписи, а младите се главно незаинтересирани.
„Среќните баби“ имаат мисија: да ги привлечат младите на Кадамџај да ја научат античката техника.
Групата од околу 20 жени се среќава неколку пати неделно во локалниот дом на културата од советската ера, охрабрувајќи ги училишните деца да научат како да ткаат.
Доаѓаме овде за овој занает да се пренесува од колено на колено, да го научиме на младите“, рече Хакимова.
Привлекување на младите
Рахат Џороева, друга жена во групата, рече дека е важно да се зачуваат килимите бидејќи тоа се обичаи што ги наследиле од нивните предци“.
„Не сакаме да седиме дома со скрстени раце“, рече таа. „Решивме да ја продолжиме традицијата.
Жените користат волна од сопствените животни за да ги направат килимите. Ширдакот го украсуваат со шарени традиционални обрасци кои потсетуваат на номадската култура на киргистанскиот народ, пред да биде исечен и ватиран за да биде поотпорен.
Пензионерите се среќаваат во „Домот на културата на металурзите“ во Кадамџај – град изграден во 1930-тите околу огромна фабрика за метали која сега е затворена.
Со надеж дека ќе ги „привлечат младите“, жените го заземаат централното место во зградата, со нивното традиционално пеење што одекнува околу мермерната сала.
Поголема продажба за повисоки пензии
Живеејќи во најсиромашниот регион во Киргистан, „Среќните баби“ исто така се надеваат дека продажбата на домашните килими ќе им ги зголеми пензиите.
„Добивам околу 6.000 соми пензија (околу 64 евра месечно). Можеме да продаваме килими за неколку стотици евра, тоа ми дозволува да ја надоместам (за) мојата пензија, вели Салија Божоева“.
„Среќните баби“ се надеваат дека повторно ќе се појави интерес за традиционалните киргистански теписи.
Ублажувањето на тензиите со соседен Узбекистан ја зголеми можноста за привлекување туристи во овој оддалечен регион и шансата за зајакнување на локалната економија - со некои нарачки дури и од странство.