Триесет и едно лице се повредени во судирите на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, соопшти денеска киргистанското Министерство за здравство.
„Конфликтот на границата продолжува“, соопштија киргистански безбедносни извори.
Државниот комитет за национална безбедност соопшти дека таџикистанската страна ги запалила пограничните села во Киргистан, Кулунду, Максат и Џани-Џер.
Министрите за надворешни работи на двете земји разговарале за ситуацијата на границата, според информациите од Министерството за надворешни работи на Киргистан.
На средбата е истакната важноста од решавање на проблемите на границата преку политички и дипломатски средства.
Министерството за надворешни работи на Киргистан издаде протестна нота до таџикистанската страна во врска со, како што ги нарече, нејзините незаконски и деструктивни дејствија.
Во четвртокот двајца киргистански државјани беа повредени во судири меѓу граничарите на Киргистан и Таџикистан.