Новата вселенска мисија на САД има креативно име и уште поинтересно лого, но која всушност е нејзината цел 

Вселенските сили на САД и Националната канцеларија за извидување (НРО) работат заеднички на лансирањето на шпионски сателити како дел од новата мисија „Сајлент Баркер“.

Лансирањето е предвидено да се изврши од страна на Обединетата алијанса за лансирање (УЛА) според која мисијата е со цел „да ги заштити виталните интереси на нацијата и да ги поддржи хуманитарните потфати ширум светот“,

Сателитите на Сајлент Баркер требаше да бидат лансирани во вторник со ракетата Атлас 5 од Вселенскиот комплекс за лансирање 41 на Станицата Кејп Канаверал во Флорида на Вселенските сили на САД.

Сепак, според најновите информации УЛА посочи дека лансирањето било одложено поради засилената тропска бура и дека нов датум ќе биде закажан штом се создадат услови за безбедно лансирање.

Дестинацијата на сателитите е геосинхрона орбита (ГЕО), појас на сателити на речиси 36.000 километри над екваторот.

Да видиме, што всушност е целта на мисијата Сајлент Баркер.

Вселенската станица во Кејп Канaверал во Флорида чека расчистување на тропската бура за лансирање на новите шпионски сателити на САД  AP Archive

1. Следење сателити лансирани од други држави

Во последните години властите на САД предупредија дека инспекторски сателити на Русија се доближуваат до американските шпионски сателити како во ниската земјина орбита така и повисоко во ГЕО појасот.

„Значи, целта на мисијата Сајлент Баркер е да „одврати агресија“ давајќи им до знаење на потенцијалните противници дека Всленските сили на САД внимателно следат што се случува во ГЕО“, истакна генерал-полковник Мајкл Гетлајн.

„Важен елемент на одвраќањето е способноста на противникот да знае што можеме ние да видиме, а што не. Затоа сакаме нашите конкуренти да знаат дека „имаме очи“ во ГЕО и дека може да видиме се што се случува“, дополни Гетлајн.

Војската на САД моментално се потпира само на радари од земја за скенирање на ГЕО, но новите сателити ќе бидат поставени поблиску до целите за набљудување, давајќи им на НРО и на вселенските сили нова предност.

„Не само што ќе го задржиме приматот и способноста да откриеме што се случува во ГЕО, туку ќе имаме индикации и предупредувања за да знаеме дека се случува нешто надвор од нормалното, а тоа оди во прилог на способноста за одвраќање“, смета Гетлајн.

2. Не толку тивката мисија на НРО

Иако точните капацитети на Сајлент Баркер се непознати, Департментот за одбрана на САД прави напори да биде „потранспарентен“ со оваа мисија споредено со други, смета Кристофер Сколиз директорот на НРО.

„Сакаме, до одредена мера, да им откриеме на луѓето какви се нашите капацитети, и еден од нив кој особено е значаен е дека вредноста на мисијата ја надминува и националната безбедност“, изјави Сколиз.

Тој исто така рече дека средината во вселената станува се поконкурентна како што се повеќе држави лансираат свои мисии, што исто така значи дека „станува се полесно да се види се што се одвива“.

3. Мистериозни технички спецификации и буџет

НРО не биле тоа што се ако не постојат одредени тајни. Познато е дека ќе има повеќе товари на претстојното лансирање, сепак властите не открија колку точно, кои компании ќе бидат вклучени во производството на сателитите или спецификации за нивниот дизајн и компоненти како што се скенерите.

Сколиз посочи дека САД планираат најмалку уште едно лансирање со дополнителни сателити на Сајлент Баркер во наредните години.

Буџетот исто така е тајна бидејќи Канцеларијата за отчетност на Владата само даде проценка за трошоците за програмата на околу 994 милиони американски долари.

4. Партнерства и заштеда на време

Потребни беа само три години да се развие програмата Сајлент Баркер и се очекува да биде целосно функционална во 2026 година. Релативно краткиот период на подготовка се должи на ретката соработка помеѓу Вселенските сили и НРО.

„Денес НРО и Вселенските сили работат рамо под рамо за да ја одредат иднината на индикаторите за движење на мети на земјата, кои ќе обезбедат деноноќна детекција при сите временски услови и следење на копнени и поморски мети за борбени дејствија“, истакна претходно Сколиз.

Работата заедно со вселенските сили и другите воени служби, му овозможува на НРО „да испорача и да стекне сигурни и еластични ГМТИ системи со брзина, доставувајќи ја оваа критична способност со нашите колеги од вселенските сили“ во мисијата.

Френк Калвели, еден од челниците во Одделот за воздухопловни сили, рече дека овој тимски пристап „навистина одговара“ на приоритетот „брзо, брзо и брзо“.

„Разузнавачката заедница имаше постоечки дизајн кој брзо да го развиеме и тоа го постигнеме неколку години порано, што всушност е одлучувачки фактор за партнерството“, посочи Калвели.

5. Класифицирани и јавно достапни податоци

Необработените податоци од сателитите најверојатно ќе останат доверливи, но информациите за следење ќе бидат доставени до воениот каталог на вселенски објекти, кој е јавно достапен.

Така, се чини дека можеме да очекуваме многу нови информации, додека Сколиз се пофали дека сателитите ќе обезбедат „невидено покривање“ на тоа што се случува во ГЕО појасот.

TRT World
Популарни