Во  првата година ќе можеме да обучиме 5.000 дополнителни воени лица / Фото : AFP

Германија ќе воведе нов модел на регрутирање на армијата, објави министерот за одбрана Борис Писториус.

Говорејќи на прес-конференција во Берлин, Писториус рече дека владата нема да го врати општиот модел на регрутирање од времето на Студената војна, туку ќе се фокусира на зголемување на бројот на доброволни регрути.

„Младите мажи кои ќе наполнат 18 години ќе добијат прашалник кој ќе содржи прашања за квалификациите, интересите, наклонетоста кон спортот и дали се заинтересирани да волонтираат за вооружените сили“, рече тој, додавајќи дека пополнувањето на овој прашалник и испраќањето до властите ќе бидат задолжителни.

„Овој прашалник ќе го добијат и жените кои ќе наполнат 18 години, но не со обврска, бидејќи според нашиот устав не подлежат на воен рок“, рече тој, но подвлече дека ќе продолжат да преземаат чекори за зголемување на бројот на жени кои доброволно служат во војската.

„Во моментов имаме 10.000 доброволци кои служат воена служба. Со воведувањето на овој нов модел, претпоставуваме дека во првата година ќе можеме да обучиме 5.000 дополнителни воени лица. Нашата цел е да овозможиме оваа бројка да расте од година во година“, рече Писториус.

AA
Популарни