ПКК/ЈПГ секоја година узурпира сириска нафта вредна 2,5 милијарди долари / Photo: AA

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која зазема повеќе од 70 отсто од нафтените полиња во Сирија, годишно узурпира сириска нафта во вредност од 2,5 милијарди долари преку домашна и меѓународна продажба, велат извори од теренот.

Во моментов, полињата Ал-Омар, Избе, Танак и Коноко во Деир ез-Зор, североисточна Сирија, и Сувеидија и Румејлан во североисточната провинција Хасака се меѓу најголемите полиња за нафта и гас окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Во 2011 година, годината кога започна граѓанската војна во Сирија, дневно се произведуваа 386.000 барели нафта, со нафтени резерви концентрирани во североисточниот дел на земјата, според податоците од Министерството за нафта и природни ресурси.

Според информациите што ги доби Анадолу од извори одговорни за дупчење и испорака на полињата со кои управуваат терористичките органзизации, терористичката ЈПГ/ПКК дневно извлекува најмалку 150.000 барели нафта во регионите што ги окупира.

Екипата на Агенцијата Анадолу сними пумпи со кои управуваат терористите на ПКК/ЈПГ во окупираната провинција Хасака и камиони кои превезуваат нафта до граничниот премин Симелка во северен Ирак.

На снимката се гледаат десетици камиони натоварени со нафта кои влегуваат во северен Ирак преку граничниот премин Симелка и преминот Махмудије.

Терористите на ЈПГ/ПКК секојдневно испраќаат илјадници барели сурова нафта во северен Ирак поради техничката инфраструктура и логистичките проблеми во производството на нафта.

Додека дел од нафтата рафинирана во странство се враќа во регионите окупирани од терористичката организација, остатокот се транспортира со танкери во северен Ирак и се продава нелегално овде.

Терористичката организација ја продава нафтата што ја испорачува во северен Ирак по 30 долари за барел.

Најмногу нафта оди за режимот на Асад

Иако санкциите на американската администрација против режимот на Асад се сè уште на сила, нејзиниот стратешки партнер ПКК/ЈПГ продава најголем дел од суровата и рафинираната нафта токму во регионите под контрола на сирискиот режим.

ПКК/ЈПГ испраќа дел од нафтата во танкери преку реката Еуфрат користејќи ги шверцерите со кои соработува, а остатокот преку транзитната точка во областа Табка во Рака, Сирија.

Терористичката организација врши испорака на нафта со камиони на Хусам Катиричи, кој беше ставен на списокот со санкции на САД во септември 2018 година.

Според информациите од извори на преминот во Табка, возилата на компанијата на Катиричи дневно превезуваат во просек по 200 танкери со нафта до областите под контрола на режимот на Асад.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК дневно му продава на режимот околу 35.000 барели нафта преку Рака и Деир ез-Зор. Терористичката организација ги продава на режимот по 70 долари за барел.

Анадолу доби и информации за количеството нафта што терористичката организација нелегално го шверцува и за цените забележани оваа година.

Терористичката органиација заработува 900.000 долари дневно од 30.000 барели нафта што ги продава на северен Ирак по 30 долари за барел или околу 328,5 милиони долари годишно.

Заработува 2,45 милиони долари дневно и повеќе од 894 милиони долари годишно од 35.000 барели нафта што ги шверцува во режимскиот регион.

Над 1,2 милијарди долари годишно за терористички активности

Така, годишниот приход на терористичката организација ЈПГ/ПКК од нафтата што ја продава на режимот на Асад и северен Ирак надминува 1,2 милијарди долари.

Останатите 85.000 барели нерафинирана нафта дневно се продаваат на дилери и шверцери во регионот окупиран од терористичката организација во просек по 42 долари за барел. Со 3,57 милиони долари дневно, тоа се претвора во годишен приход од 1,3 милијарди долари.

Така, терористичката организација секоја година узурпира нафта на Сиријците во вредност од 2,5 милијарди долари.

Имајќи предвид дека терористичката организација ЈПГ/ПКК го зазеде регионот од терористичката организација ДЕАШ кон крајот на 2017 година со поддршка од САД - кои со години се спротивставуваа на признавањето многу докази обезбедени од Туркије дека се работи за терористичка организација - станува јасно дека терористичката организацила ставила многу поголема сума во својата каса во последните шест и пол години оттогаш.

Откако ќе влезат во касата на ЈПГ/ПКК, средствата треба да ги искористи терористичката организација за нејзината сепаратистичка кампања во Сирија, нејзините напори да формира терористички појас покрај границите на Туркије и нејзините напори да го тероризира локалното население во североисточна Сирија.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

TRT Balkan / агенции
Популарни