Седуммесечно бебе почина откако било гризнато од куче во сопственост на неговото семејство во британскиот град Ковентри.
Според соопштението на полицијата на Западен Мидландс, куче вдомено од британско семејство, кое не е класифицирано како опасна раса, на 16 јуни го гризнало бебето за глава.
Седуммесечното бебе се здобило со тешки повреди на главата по каснувањето и било пренесено во болница каде што починало.
Полицијата соопшти дека куќето што го каснало бебето било успиено истиот ден.
AA