Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе откако утрово беше застрелан, соопшти јапонската национална телевизија.
67-годишниот Абе, кој беше јапонски премиер со најдолг стаж, беше застрелан додека држеше говор во кампањата.
Властите во болницата во западниот јапонски град Нара на прес-конференција изјавија: „Шинзо Абе, поранешниот премиер, им подлегна на повредите“.
Починал откако цели пет часа се обидувале да го реанимираат Абе имал повреди на десната страна на вратот.
Фумио Кишида, актуелниот премиер, претходно на прес-конференција во Токио изјави дека Абе е „во критична состојба“ и дека здравствените работници „работат многу напорно“ за да се справат со ситуацијата.
Осомничениот напаѓач бил фатен на местото на настанот и уапсен.
Според веста на јапонската државна телевизија НХК, Абе бил застрелан додека се обраќал на настанот на отворено, организиран со цел поддржување на изборната кампања на кандидатот на Либералдемократската партија.
Абе потоа е итно пренесен во болница.
Според НХК, напаѓачот бил фатен на местото на настанот, додека запленето е и оружјето.
Локалните медиуми објавија дека 41-годишниот напаѓач за време на нападот користел рачно изработен пиштол со две цевки.
Јапонија се обедини во тагата
Јапонија се обедини во тагата по веста за смртта на поранешниот премиер Шинзо Абе.
Повеќе од шест часа граѓаните на Јапонија беа во неизвесност дали поранешниот јапонски премиер ќе се извлече од повредите нанесени во вооружениот напад утрово.
На улица илјадници го читаа специјалното издание на јапонскиот национален весник што беше дистрибуиран на 8 јули 2022 година, во центарот на Токио.
Абе беше влијателен јапонски политичар и поранешен премиер. На премиерската функција во Јапонија бил најдолго - во 2006 година, а исто така и од 2012 до 2020 година. Тој беше најмладиот јапонски премиер во повоената ера, рекорд кој сè уште стои.
Сепак, првиот удар во неговата политичка кариера дојде кога тој ненадејно поднесе оставка поради здравствени проблеми во 2007 година. Тој беше на функцијата само една година -од септември 2006 до септември 2007 година.
Абе се врати на власт во 2012 година, прво победувајќи го партискиот ривал Шигеру Ишиба во септември за повторно да го преземе кормилото на ЛДП, а потоа ја доведе партијата до огромно мнозинство во декември.
Тој беше реизбран на изборите во 2014 и 2017 година, а се повлече во 2020 година поради здравствени проблеми.