Под урнатините пронајдено телото на фудбалерот Кристијан Атсу / Photo: AA

Пронајдено е телото на фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајспор, Кристијан Атсу, под урнатините на зграда во Антакија.

Неговиот менаџер Нана Сечере рече дека 31-годишниот фудбалер од Гана починал.

„Жал ми е што морам да ги информирам сите дека телото на Кристијан Атсу е пронајдено утрово. Моето сочувство до неговото семејство и најблиските. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите за молитвите и поддршката“, рече Сечере. Веста за смртта на фудбалерот ја потврди и клубот.

„Телото на нашиот фудбалер Кристијан Атсу, кој загина во земјотресот, ќе биде пренесено во неговата родна Гана. Нема да те заборавиме Атсу. Почивај во мир. Нема зборови за нашата тага. Спиј во мир“, објави клубот.

TRT Balkan / агенции
Популарни