Полицијата предупреди дека тие што нема да се повлечат ќе бидат уапсени / Photo: AA

Американската полиција се закани дека ќе ги уапси студентите кои демонстрираат за поддршка на Палестина во кампусот на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УЦЛА).

Полицијата дојде на Универзитетот во опрема за растурање на немири и им нареди на пропалестинските демонстранти, кои формираа протестен камп, да ја напуштат областа.

Полицијата им нареди на демонстрантите веднаш да го напуштат просторот и најави дека тие што нема да го направат тоа ќе бидат уапсени, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Еден ден претходно, во кампусот на Универзитетот во Калифорнија избувна хаос кога про-израелски студенти нападнаа пропалестински демонстранти, што доведе до општа тепачка и беше испукан огномет во толпата.

По нападот, кој наводно траел три часа, полицијата во Лос Анџелес и членови на други агенции пристигнале на местото на настанот и „го вратиле редот“, пишува ЛА Тајмс, додавајќи дека бавната реакција на полицијата предизвикала критики и повици за истрага.

Во екот на демонстрациите на универзитетите низ САД во знак на солидарност со Палестина, американската полиција уапси стотици студенти оваа недела додека универзитетските администрации се обидуваат да ги спречат пропалестинските кампови и протести.

На 17 април на Универзитетот Колумбија во Њујорк започнаа демонстрации во знак на протест против израелската офанзива на Газа, во која загинаа речиси 34.600 Палестинци, а повеќе од 77.700 беа ранети.

TRT Balkan / агенции
Популарни