Погребот и придружните настани во чест на кралицата Елизабета Втора, кои се одржаа во период на национална жалост, ја чинеа британската Влада 162 милиони фунти (речиси 200 милиони долари), соопшти Министерството за финансии.
Државниот погреб беше одржан на 19 септември минатата година, 11 дена по смртта на кралицата.
Во текот на овој период, стотици илјади луѓе го посетија Вестминстер за да ѝ оддадат почит.
Највисоки трошоци имало Министерството за внатрешни работи, 74 милиони фунти, а потоа следува Министерството за култура, медиуми и спорт со 57 милиони фунти.
Трошоците опфаќаа различни настани поврзани со погребот.
Министерот за финансии, Џон Глен, изјави дека примарниот фокус на Владата во тој период бил да обезбеди непречено спроведување на овие настани, одржувајќи соодветно ниво на достоинство, и давајќи приоритет на јавната сигурност и безбедност.