Израелската полиција интервенираше врз демонстрантите кои протестираа поради нападите што се спроведуваат врз Појасот Газа уште од 7 октомври.
На протестите организирани од антивоена група во главниот град Тел Авив, израелските демонстранти чекореа со транспаренти во рацете и носеа облека со испишани пораки, и побараа да се запрат нападите врз Појасот Газа.
Полицијата побара од демонстрантите да се разидат, а потоа остро интервенираше. Полицијата го отстрани транспарентот на кој пишуваше „Запрете го масакрот“ и ги растера демонстрантите.
Израелската полиција тврди дека протестот „ги повредува чувствата на општеството“ и соопшти дека од таа причина интервенирала врз демонстрантите.
AA