Aбе бил застрелан во градите додека се обраќал на настанот на отворено

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, е ранет со огнено оружје за време на настан на кој учествувал во градот Нара.

Според веста на јапонската државна телевизија НХК, Абе бил застрелан во градите додека се обраќал на настанот на отворено, организиран со цел поддржување на изборната кампања на кандидатот на Либералдемократската партија.

Абе потоа е итно пренесен во болница.

Според НХК, напаѓачот бил фатен на местото на настанот, додека запенето е и оружјето.

Локалните медиуми објавија дека 41-годишниот напаѓач за време на нападот користел рачно изработен пиштол со две цевки.

Инаку, Абе во периодот од 2012 до 2022 година ја вршеше функцијата премиер на Јапонија. Тој пред две години поднесе оставка од премиерксата функција поради здравствени причини.

AA
Популарни