Flightradar24 објави дека следењето на овој лет го надминал претходниот рекорд за повеќе од двапати.       Фото: Ројтерс

Нешто повеќе од 5 милиони луѓе го следеа преку интернет последниот лет на кралицата Елизабета Втора во вторникот, со што патувањето на телото на покојниот монарх, од Единбург до Лондон, стана најследен лет во историјата.

Веб-страницата за следење летови Флајтрадар 24 (Flightradar24) објави дека вкупно 4,79 милиони луѓе го следеле летот во живо онлајн, а уште четвртина милион луѓе го гледале на нејзиниот канал на Јутјуб.

Компанијата соопшти дека околу шест милиони луѓе се обиделе да го следат летот во првата минута откако авионот Boeing C17A Globemaster го вклучил својот транспондер на аеродромот во Единбург, што влијаело на стабилноста на платформата.

„Седумдесет години по нејзиниот прв лет како кралица, последниот лет на кралицата Елизабета Втора е најследен лет во историјата на Flightradar24“, рече директорот за комуникации на компанијата.

Елизабета, најдолготрајниот британски монарх почина во Балморал, Шкотска на 8 септември. Нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември.

Flightradar24 објави дека следењето на овој лет го надминал претходниот рекорд за повеќе од двапати. Околу 2,2 милиони луѓе го следеле летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во контроверзна посета на Тајван во август.

TRT Balkan / агенции
Популарни