Потона брод близу јужниот брег на Италија, смртно настрадаа 41 лице / Photo: AA Archive

Најмалку 41 мигрант го загубија животот во бродска несреќа кај јужна Италија.

Бродот, што наводно тргнал од Сфакс, во Тунис, северна Африка, се превртел и потонал додека минувал низ Сицилискиот Теснец, објави италијанската државна новинска агенција АНСА.

Се наведува дека меѓу загинатите има најмалку три деца, додека најмалку четворица мигранти се спасени од Италијанската крајбрежна стража.

TRT Balkan / агенции
Популарни