Спасувачи минатата недела бараа преживеани во поплавената област во Такео во западна Јапонија        Фото: Ројтерс

Повеќе од 480.000 луѓе се евакуирани поради обилните дождови што го зафатија југозападниот дел на Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) објави дека обилните врнежи ги зафатиле градовите Фукуока, Сага, Оита кои припаѓаат на Кјушу и градот Јамагучи, на југот на Јапонија.

Од ЈМА го предупредија населението во овие подрачја за можни поплави. Агенцијата за управување со пожари и вонредни состојби нареди евакуација на вкупно 482.000 луѓе во областите Јамагучи, Шимане, Ехиме, Фукуока и Сага. Некои железнички линии беа откажани.

AA
Популарни