Низ Европската Унија (ЕУ), заклучно со 16 јули, во пожарите изгореа 517.881 хектари или нешто повеќе од 5.000 километри квадратни         Фото: Ројтерс

Шумските пожари што зафатија делови од Европа во последниве недели веќе изгореа поголема површина отколку што беше изгубено во пожарите во цела 2021 година, соопшти во четвртокот Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФИС).

Низ Европската Унија (ЕУ), заклучно со 16 јули, во пожарите изгореа 517.881 хектари или нешто повеќе од 5.000 километри квадратни. Тоа е еквивалентна површина на површината на Тринидад и Тобаго.

Од друга страна пак, во цела 2021 година изгореа 470.359 хектари (4.700 километри квадратни) шума главно во пожари во Италија и Грција.

Во 2022 година, пожари беснеат низ Франција, Шпанија, Португалија и Грција во услови на рекорден топлотен бран кој исто така предизвика пожари и во Британија, каде температурите за прв пат се над 40 степени Целзиусови.

Со повисоките температури предизвикани од глобалното загревање, оваа година беа погодени и места помалку подложни на шумски пожари     Фото: Reuters

Службата за сателитски мониторинг на ЕУ соопшти дека Европа би можела да ја заврши 2022 година со повеќе изгорено земјиште по површина од 2017 година, во моментов најлошата година забележана за шумски пожари со изгубени речиси 1.000.000 хектари (10.000 квадратни километри).

„Ситуацијата е многу полоша од очекуваното, дури и ако очекувавме температурни аномалии со нашите долгорочни прогнози“, изјави Хесус Сан Мигел, координатор на Европскиот информативен систем за шумски пожари.

„Очекуваме да биде полошо - не сме ни на половина пат од сезоната на пожари“.

Речиси 40.000 хектари шума изгореа во Франција досега оваа година, што е повеќе од 30.000 хектари колку што изгореа во 2021 година.

Во Шпанија повеќе од 500 луѓе загинаа за време на 10-дневниот топлотен бран овој месец. Во оваа земја изгореа 190.000 хектари оваа година, во споредба со 85.000 хектари минатата година.

Со повисоките температури предизвикани од глобалното загревање, оваа година беа погодени и места помалку подложни на шумски пожари, особено Британија.

Речиси 40.000 хектари шума изгореа во Франција досега оваа година     Фото: Reuters

Во 2022 година изгореа нешто повеќе од 20.000 хектари, во споредба со само 6.000 во цела 2021 година.

„На крајот, пожарите се предизвикани од луѓе, но топлотниот бран е критичен и (овие пожари) се јасно поврзани со климатските промени“, рече Сан Мигел.

AFP
Популарни