Харис води пред  Трамп со 53% спрема 34% од гласовите / Фото: Reuters

Раните анкети покажаа дека демократската кандидатка Камала Харис имала подобар настап од нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп за време на нивната внимателно следена претседателска дебата.

SoCal Strategies/On Point Politics/Red Eagle Politics откри дека потпретседателоката Харис води пред поранешниот претседател Трамп со 53% спрема 34% од гласовите.

Посебна анкета спроведена од YouGov сугерира дека Харис го надминала Трамп со резултат од 54% наспроти 31%.

„Вашингтон пост“, исто така, спроведе анкета на група неопределени гласачи во една од клучните сојузни држави, во реално време за нивните реакции на дебатата.

Според нивниот извештај, гласачите генерално сметале дека Харис се покажала подобро, без оглед на тоа како планираат да гласаат во ноември.

Истражувањето на „Пост“ покажа дека 23 учесници веруваат дека Харис била подобра во дебатата, додека само двајца сметаат дека Трамп има предност.

Меѓу 12-те гласачи кои посочија дека „најверојатно“ ќе ја поддржат пред дебатата, пет го сменија ставот во „дефинитивен“ глас за неа, додека останатите гласачи сè уште се наклонети кон неа.

AA
Популарни